Нов случај на птичји грип H7N9 беше регистриран во јужниот дел од Кина во провинцијата Гуандун, јавија кинески медиуми.
Заразена е 51-годишна жена, соопштија здравствените власти. Жената која била примена во болница на 3 август е во критична состојба.
Првиот случај на заразување човек со вирусот H7N9 беше регистриран во крајот на март.
Оттогаш се потврдени 134 случаи на инфицирање со тој вирус во Кина. Четириесет и четири лица инфицирани со тој вирус ги загубиле животите.