Денеска беше отворен нов поратал со широк спектар податоци за миграциите од страна на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), со цел да се даде поцелосна слика за тоа каде луѓето се движеле и зошто.
Порталот е создаден од САД и Германија и овозможува земјите да ги следат тековите на мигрантите. Истиот се занимава и со бројни сродни прашање како трговијата со луѓе, интеграција, вработување и колку пари праќаат мигрантите дома.
Франк Ласко, директорот на Центарот на ИОМ за анализа на податоци од Берлин потенцира дека идејата била статистиката да биде значајна и подобро да се разбере она што го знаеме и не знаеме за мигрантите.