Нов облик на семејно насилство во Британија, децата ги напаѓаат своите родители

Од:

Зголемените тензии во домовите ги натераа децата да ги напаѓаат своите родители за време на забраната за движење поради коронавирусот во Велика Британија, предупреди Вера Берд од повереник за жртви за Англија и Велс.

Таа рече дека новиот вид семејно насилство е во пораст, според извештаите.

– Постојат некои индиции дека постарите деца ги злоупотребуваат родителите, што веројатно сугерира дека децата сакаат да излезат и дека тоа не им е дозволено, изјави таа пред Парламентот, пренесе Би-Би-Си.

Таа додаде дека станува збор за тинејџери и нагласи дека таа појава е загрижувачка.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за полицаец осомничен за семејно насилство

Уапсени се двајца неготинци за напад врз малолетна ќерка и сестра

Скопјанец со тврд предмет си го истепал 76-годишниот татко

Во скопско Визбегово татко ги нападнал своите синови

Тетовец ја затворил снаата во куќа и повеќе пати ја тепал

52-годишен скопјанец бил истепан од неговата вонбрачна партнерка