Нов напад со нож во Лондон

Од:

Еден маж попладнево бил нападнат со нож во трговскиот центар „Вестфилд Лондон“ во западниот дел на британскиот главен град, објави електронското издание на весникот „Индепендент“.

Нападнатиот маж се здобил со убодни рани по што е пренесен во болница.

Очевидци на настанот изјавија дека веднаш по нападот виделе две лица како бегаат од трговскиот центар.

Претставник на лондонската полиција го потврди инцидентот, но нагласи дека не станува збор за терористички напад. Тој додаде дека во врска со настанот полицијата привела две лица.

Веднаш по инцидентот „Вестфилд Лондон“, кој е втор по големина трговски центар во Велика Британија, бил делумно затворен.

Денешниот инцидент доаѓа по најавите на британските власти за засилување на безбедносните мерки во Лондон, откако пред неколку дена маж со убоди од нож уби една Американка и рани уште пет други лица на лондонскиот полоштад „Расел“.

Би можело да ве интересира

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети