Нов масакар во Сирија

Од:

Во нови судири во сириската провинција Хама, убиени се најмалку 86 луѓе. Меѓу нив имало жени и деца.

За нападот меѓусебно се обвинуваат активистите и владата на претседателот Башар ал-Асад.

Невладините организации тврдат дека силите на режимот убиле најмалку 86 луѓе. ББС јавува дека се убиени повеќе од 20 деца и 20 жени. Сириската државна телевизија од друга страна известила дека „војниците ги нашле телата на убиените, по напад на терористите“.

Меѓутоа, како што наведуваат западните агенции, ниту едно известување, за сега не може да се потврди.

Пред помалку од две недели во масакар во Хула, беа убиени 108 луѓе, од кои околу 25 деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија