Њујорк Тајмс: Трамп повторно ќе биде кандидат за претседател, тоа е трагедија за Америка

Од:

Доналд Трамп по трет пат ќе биде кандидат за претседател на САД, што е трагедија за Републиканската партија и земјата на која наводно и служи, пишува Њујорк Тајмс во уредничкиот коментар.

„Во здрава демократија, политичките партии се организации посветени на избор на политичари кои споделуваат збир на вредности и политички цели. Тие работат со дел од политичката машинерија, работејќи со избраните функционери и државните службеници за да се случат избори. Членовите ги презентираат своите разлики во партијата за да ги зајакнат и заострат нејзините позиции“, пишува американскиот весник.

Меѓутоа, според Њујорк тајмс, Републиканската партија ги напушта тие одговорности и наместо тоа, станува организација чија цел е избор на една личност „на сметка на интегритетот, принципот, политиката и патриотизмот“. „Како поединец, г-дин Трамп покажа презир кон Уставот и владеењето на правото, што го прави неподобен да ја извршува функцијата претседател.

Но, кога цела политичка партија, особено една од двете големи партии во земја моќна како Соединетите Американски Држави, ќе се претвори во инструмент на таа личност и неговите најопасни идеи, штетата влијае на сите“, пишува Њујорк Тајмс.

Весникот наведува дека Трамп ја презел Републиканската партија на државно ниво, што, како што тврди Њујорк Тајмс, му овозможило да ја подели партијата на фракции, од кои некои повеќе не зборуваат меѓу себе.

Се додава дека наскоро републиканските гласачи „можеби нема да имаат избор за нивниот претседателски кандидат“. Нивниот единствен избор е дали да поддржат некој кој би ѝ го направил на земјата она што тој веќе и го направил на својата партија“, заклучува Њујорк Тајмс.

На републиканските внатрепартиски избори за претседателска номинација, Доналд Трамп победи во повеќе од 20 сојузни држави, додека неговата противкандидатка Ники Хејли победи само во Вашингтон и Вермонт.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп