„Њујорк тајмс“: Крајот на Јужен тек е пораз на Путин, а победа на САД и ЕУ

Од:

Поради „дипломатски пораз“, рускиот претседател Владимир Путин го пренасочува гасоводот кон Турција, а од друга страна не успехот за изградба на Јужниот тек го претставува како загуба за Европа, обвинувајќи го Брисел за непопустливост, оценува „Њујорк тајмс“.

Во текстот објавен на насловната страница, пишува дека грандиозниот проект е изгубен како жртва на затруените односи помеѓу Русија и Запад.

Одлуката за прекин на изградба на проектот Јужен тек исто така е ретка победа за ЕУ и САД, кои оваа година главно беспомошно ја набљудуваа анексијата на Крим и јакнењето на сепаратистите на исток на Украина, наведува весникот.

Меѓудругото стои дека доколку постои победник во овој случај тоа е Турција, која покрај Кина и други држави во развој на кои им недостигаат енергетски ресурси, го експлоатирала јазот помеѓу Исток и Запад за да обезбеди долгорочни резерви на енергија по поволни цени.

– Рускиот претседател управува по прашањата за енергија, како со најголем извор на моќ со кој располага на меѓународната арена. Со години тој и Запад се надмудруваа за правецот на гасоводот, во некој вид посредна голема игра за тоа кој ќе го контролира снабдувањето со енергенси во Европа, стои во текстот.

Аналитичарите оценуваат дека дури и 4,5 милијарди долари кои „Газпром“ ги вложил во Јужниот тек не се сосема изгубени.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот