Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе ја продолжи војната против Хамас по истекот на договорениот привремен прекин на огнот.
Нетанјаху на прес-конференцијата рече дека тоа му го пренел и на американскиот претседател Џозеф Бајден за време на телефонски разговор, пренесува АП.
„Војната продолжува. Ќе продолжиме додека не ги постигнеме сите наши цели“, рече Нетанјаху и повтори дека целите на Израел се да го елиминира Хамас, да ги врати сите заложници и да обезбеди ништо во Појасот Газа да не претставува закана за Израел.
Тој додаде дека израелската армија ќе го искористи повеќедневното примирје за да се подготви за продолжување на војната, пишува „Тајмс оф Израел“.