Нетанјаху: Во училиштата на УНРВА ја учат доктрината за истребување на Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во училиштата на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА) ги учат доктрините за истребување на Израел, доктрините за тероризам, го величат тероризмот и го фалат тероризмот.

Со своите изјави, тој изгледа потврди дека Израел дистрибуирал досие за разузнавање во кое се тврди дека некои претставници на УНРВА учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври од Газа, објави Ројтерс.

„Откривме дека 13 вработени во УНРВА учествувале, директно или индиректно, во масакрот извршен на 7 октомври“, изјави тој за британската ТокТВ, пренесува Танјуг.

УНРВА претходно денеска објави дека нема да може да ја продолжи својата работа во Појасот Газа и во целиот регион од крајот на февруари доколку се скрати финансирањето.

Голем број земји, вклучувајќи ги Соединетите држави, Германија и Велика Британија, го суспендираа финансирањето на агенцијата за помош по наводите дека 12 членови на персоналот на УНРВА биле вмешани во нападите на Хамас на 7 октомври во јужен Израел.

„Доколку финансирањето не продолжи, УНРВА нема да може да ја продолжи својата работа и активности низ целиот регион, вклучително и Газа, од крајот на февруари“, изјави портпаролот на агенцијата.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас