Нетанјаху: Тврдењата за вмешаност на Израел во убиството на Чарли Кирк е „монструозна лага“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека теориите на заговор на интернет дека Израел е одговорен за убиството на американскиот интелектуалец Чарли Кирк се „монструозна и голема лага“ и можеби ги шират луѓе платени од Катар.

„Јозеф Гебелс, нацистичкиот министер за пропаганда, рече дека колку е поголема лагата, толку побрзо ќе се шири. Значи, некој измислил монструозна голема лага, дека Израел имал некаква врска со ужасното убиство на Чарли Кирк. Ова е лудо. Ова е лажно. Ова е скандалозно“, рече Нетанјаху во видео изјава објавена на платформата X, објавена од „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху го пофали Кирк за неговиот произраелски активизам, додавајќи дека разговарале неколку пати и дека неодамна го поканил Кирк да го посети Израел.

Теоретичарите на заговор тврдат, без докази, дека еврејската држава стои зад атентатот, поради благите критики на Кирк кон израелските политики.

Нетанјаху рече дека го поздравува повременото различно гледиште за Израел затоа што „тоа е суштината на Чарли, суштината на слободната земја“ и затоа што знае дека предлозите на Кирк „секогаш доаѓаат од срце, од неговата љубов кон Израел и од неговата љубов кон еврејскиот народ“.

„Сега некои ги шират овие одвратни гласини – можеби од опсесија, можеби со финансирање од Катар“, рече Нетанјаху.

Тој исто така рече дека Кирк заслужува „чест, а не лаги“.

Би можело да ве интересира

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да го напаѓа Иран со „полна“ сила за да го „искорени режимот“

Горан Наумовски

Нетанјаху: Израел ќе ги засили нападите врз Иран и Хезболах

Нетанјаху: Војната против Иран можеби ќе потрае извесно време, но нема да трае со години

А1он

Нетанјаху на местото на нападот во Беит Шемеш: Иран може да го загрози целото човештво!

А1он

Иранците ја нападнаa канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху, не се знае каде е израелскиот премиер

Горан Наумовски