Нетанјаху: Се обидуваме да го намалиме бројот на убиени цивили во Газа, но безуспешно

Од:

Израел прави се што може за да ги извлече цивилите од опасност додека се бори со Хамас во Газа, вклучително и фрлање летоци со предупредување да бегаат, но неговите обиди да ги минимизираат жртвите не беа успешни, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху беше прашан од CBS News дали убиството на илјадници Палестинци од страна на Израел како одмазда за нападот на милитантите на Хамас на 7 октомври ќе поттикне нова генерација на омраза.

„Секоја цивилна смрт е трагедија и не треба да ја имаме бидејќи правиме се што можеме за да ги извлечеме цивилите од опасност, додека Хамас прави се за да ги држи во опасност. Затоа испраќаме летоци, им се јавуваме на мобилните телефони и им кажуваме да си одат. А многумина си заминаа“, додаде тој.

Израел изјави дека целта на неговата воена кампања е уништување на Хамас.

„Втората работа што можам да ја кажам е дека ќе се обидеме да ја завршиме таа работа со минимални цивилни жртви. Тоа е она што се обидуваме да го направиме: минимални цивилни жртви. Но, за жал, не сме успешни“, рече Нетанјаху.

Палестинските цивили го понесоа товарот од повеќе неделната воена кампања на Израел како одговор на нападот на Хамас за кој Израел вели дека загинале 1.200 луѓе, главно цивили. Според Израел, Хамас зеде како заложници држи околу 240 луѓе од различни националности.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас