Нетанјаху: „Можеби нападот врз Сирија го изврши авијацијата на Белгија“

Од:

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека не знае ништо за синоќешниот напад врз Сирија, објавија израелските медиуми.

„Можеби нападот го изведе авијацијата на Беглија“, посочи Нетанјаху.

Претходно, Сириската опсерваторија за човекови права објави дека вкупно четворица припадници на Иранската исламска револуционерна гарда и тројца сириски војници загинаа доцна синоќа во воздушните напади во близина на Дамаск, кои му се припишуваат на Израел.

Околу 15 минути пред полноќ по локално време, ракетите погодија пет магацини со оружје во близина на меѓународниот аеродром Дамаск, а е нападната и воена позиција јужно од сирискиот главен град, објави Ал Арабија, повикувајќи се на неименувани извори.

Нападот се случи неколку часа по испораката, наводно на муниција, која пристигнала на аеродромот од Техеран.

И Сирија и Опсерваторијата со седиште во Велика Британија тврдат дека Израел стои зад нападите.

Израелската армија не коментираше ништо, во согласност со својата политика да не потврдува ниту да демантира операции во странство

Би можело да ве интересира

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати