Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел води војна против палестинската милитантна група Хамас, бидејќи тоа е и „цивилизациска битка против варварството“.
– Ако цивилизацијата не надвладее, ќе надвладее варварството, тоа е и ваша битка – рекол Нетанјаху на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков во Ерусалим, пренесува Тајмс оф Израел.