Нетанјаху го обвини шефот на Шин Бет за уцена

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини шефот на израелската безбедносна служба Шин Бет, Ронен Бар, за организирање „уцена“ откако поранешниот шеф на службата, Надав Аргаман, се закани дека ќе открие „се што знае за Нетанјаху ако го прекрши законот“.

Според „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху со месеци се обидува да го отстрани Бар за да ја префрли одговорноста за неуспесите што го овозможија нападот на Хамас на 7 октомври на безбедносниот сектор, а не на политичкото раководство.

Бар дава отпор, верувајќи дека неговото заминување ќе му овозможи на Нетанјаху да назначи човек лојален на себе за шеф на Шин Бет. Планот за смена на Бар дополнително се усложнува со истрагата на Шин Бет и на полицијата за наводните врски меѓу некои советници на Нетанјаху и катарската влада.

Во интервју за израелскиот канал 12, Аргаман ја критикуваше одлуката на Нетанјаху да дозволи катарските пари да се слеваат во Појасот Газа почнувајќи од 2018 година, и покрај предупредувањата од безбедносните служби дека таквата политика може да има „сериозни последици“. Нетанјаху одговори со обвинување на Аргаман и Бар за уцена.

„Никогаш во историјата на Израел поранешен шеф на безбедноста не уценувал актуелен премиер на телевизија“, напиша Нетанјаху на X.

Би можело да ве интересира

Зетот на Трамп пристигна во Израел, ќе разговара со Нетанјаху за Газа

А1он

Турција издаде налози за апсење на Нетанјаху и уште 36 израелски функционери поради геноцид во Газа

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху нареди итни напади врз Газа

А1он

Нетанјаху: Израел стана најмоќната сила на Блискиот Исток

Нетанјаху најавува „нова визија“ за Газа

Горан Наумовски

Нетанјаху: Хамас го почувствува „мечот на вратот“, затоа го прифати мировниот договор

А1он