Нетанјаху: Германија ќе уплати дополнителни средства за преживеаните од Холокаустот

Од:

Германија ќе изврши дополнителни уплати за преживеаните од Холокаустот, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Германската Влада не извести дека ќе уплати дополнителни средства за преживеаните од Холокаустот, по 100 евра месечно. Тоа е важно. Луѓето тоа го заслужуваат. И благодариме на германската Влада, напиша Нетанјаху на Твитер.

Тој истакна дека „таа сума претставува додаток на помошта која ја дава израелската Влада“. Германските власти засега немаат коментар на неговото тврдење.

Израелското Министерство за финансии проценува дека 220.000 преживеани од Холокаустот се уште живеат во Израел, додека според статистичкиот завод бројката во 2017 година изнесувала 212.300 луѓе.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он