Нетанјаху: Целта на воената операција во Џенин е зајакнување на безбедноста

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека големата операција на израелската армија во Џенин на Западниот Брег е „уште еден чекор кон постигнување на зацртаната цел: зајакнување на безбедноста во Јудеја и Самарија“, библиското име на територијата.

Операцијата наречена „Железниот ѕид“ се очекува да трае неколку дена, објавија израелските медиуми.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека најмалку шест лица загинале, а 35 се ранети во израелска операција во Џенин на окупираниот Западен Брег.

„Ние дејствуваме на систематски и решителен начин против иранската оска каде и да испраќа оружје – во Газа, Либан, Сирија, Јемен, Јудеја и Самарија“, рече Нетанјаху во изјавата објавена од неговиот кабинет.

Исламистичката организација Хамас, која владее со другата палестинска територија, Појасот Газа, повика на зајакнување на борбата против Израел како одговор на израелската воена операција во Џенин, пренесоа агенциите.

Во Појасот Газа од неделата во сила е прекинот на огнот во војната меѓу Израел и Хамас, која трае повеќе од 15 месеци.

Израел ги освои Западниот Брег, Газа и Источен Ерусалим во блискоисточната војна во 1967 година. Палестинците се борат за независна држава која ќе ги опфати сите три територии.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Го поддржувам планот на Трамп да создаде поинаква Газа

А1он

Саудиска Арабија ја отфрли изјавата на Нетанјаху за раселување на Палестинците од Газа

Нетанјаху: Нема потреба американските војници во Газа да го спроведат планот на Трамп

Горан Наумовски

Нетанјаху за планот на Трамп за Газа: Тоа може да ја промени историјата

Горан Наумовски

Нетанјаху замина за САД како прв лидер на странска држава кој ќе има средба со Трамп

А1он

Нетанјаху: Благодарност до Трамп што го исполни ветувањето, сега можеме да се браниме

А1он