Една од најпознатите американски осуденички Елизабет Холмс се обидела да ја напушти земјата и да избегне затворска казна, соопштија американските власти.
Елизабет Холмс уживаше статус на речиси рок-ѕвезда бидејќи на дваесет години ја основаше компанијата „Теранос“, која вети револуција во лекувањето. Се испостави дека се е измама, па минатата година таа беше осуден на 11 години затвор за измама на инвеститори и други финансиски малверзации.
Според неодамнешното соопштение на обвинителството, таа се обидела да побегне бидејќи купила авионски билет во еден правец за Мексико, пренесува Си-Ен-Ен. Ова дополнително ќе го зголеми незадоволството на јавноста, која смета дека не е фер што Елизабет Холмс сè уште ужива во луксузна палата наместо да биде зад решетки.
Судот и го одложи затворот поради хуманитарни причини, поточно поради тоа што е бремена. Таа треба да стане мајка по втор пат пред да се пријави во затвор во април.