Нема одложување на референдумот, соопштија проруските сепаратисти во Источна Украина

Од:

Проруските сепаратисти во Источна Украина денеска објавија дека нема да го одложат референдум за независност закажан за во недела.

Советот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ денеска донесе одлука да не се одлага референдумот за независност на регионот, наспроти повикот на рускиот претседател Владимир Путин.

– Референдумот ќе се одржи на 11 мај, изјави еден од членовите на Советот, Мирослав Руденко.

Путин по вчерашниот состанок со претседателот на ОБСЕ Дидие Буркхалтер ги повика проруските сепаратисти да го одложат референдумот.

Во меѓу време, премиерот на Украина, Арсениј Јацењук во обраќање до украинскиот народ вети пренесување на овластувањето на општинските совети околу прогласувањето на рускиот и други јазици за официјални на својата територија.

Како што јави ИТАР-ТАСС, во обраќањето Јацењук наведе дека ќе предложи ваква измена да биде внесена во Уставот, чии реформи претстојат. Украинскиот јазик сепак ќе го задржи статусот како единствен државен јазик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми