Нема мнозинство во партијата на премиерот Нетанјаху за поддршка на мировниот план со две држави

Од:

Нема мнозинство во блокот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „Ликуд“ за поддршка на планот за создавање палестинска држава, изјави денеска пратеничка од партијата, јави ДПА.


Пратеничката Мири Регев, изјавата ја направи откако американскиот државен секретар Џон Кери во Вашингтон објави дека Израел и Палестинците ќе се обидат да постигнат конечен мировен договор во рок од девет месеци, а официјалните преговори ќе започнат по период од две недели.


Според Регев во моментот нема мнозинство за решение преку моделот на две држави за два народа. Регев е пратеник од партијата на Нетанјаху „Ликуд“ и тврдо се противи на чекорите за мир со Палестинците, наведува ДПА.


– Претходно применивме 10-месечно замрзнување на изградбата на населби и ништо не се доби. Ариел Шарон го одржа повлекувањето од Појасот Газа и добивме тероризам. Денеска пуштаме затвореници, чии раце се извалкани во крв, нагласи Регев.


Пратеничката го обвини Нетанјаху дека дејствувал против волјата на мнозинството во сопствената партија, кога го одобрил ослободувањето на 104 палестински затвореници во чест на добра волја со што се отвори патот за рестартирање на мировните преговори, по прекин од три години.

Би можело да ве интересира

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници