Претставникот на Руската Федерација во ОН Василиј Небензја денеска изјави дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) е марионетско тело кое отворено им служи на интересите на западните земји и нема никаква врска со судскиот систем.
„Русија не гледа смисла во Советот за безбедност на ОН да присуствуваат претставници на Меѓународниот кривичен суд на ОН, бидејќи тоа марионетско тело отворено им служи на интересите на западните земји и нема никаква врска со судскиот систем“, рече Небензја.
Тој додаде дека ставот на Руската Федерација во однос на недозволивоста на политизираната активност на МКС не претрпел никакви промени.