Двајца млади криминалици влегле во „Бургер кинг“ ресторан во Стоктон во Калифорнија со намера од него да излезат побогати. Но, планот им пропаднал, затоа што им е украден автомобилот со кој планирале да избегаат.
Кога 22-годишниот Џереми Ловит и 19-годишниот Габриел Гонзалес упаднале во ресторанот да го ограбат, не ни претпоставиле дека некој од вработените ќе биде храбар и се ќе им расипе.
Еден од вработените во ресторанот излегол на задната врата и го видел автомобилот кој работел со запален мотор и го преместил подалеку од ресторанот. Тој вели дека бил шокиран што двајцата криминалци покажале таква глупост и го оставиле моторот да работи, а и клучевите биле внатре.
Во меѓувреме ја повикал полицијата која ги фатила криминалците на самото место. Односно, зад ресторанот. Токму таму каде што го оставиле автомобилот.