Рускиот суд привремено го ослободи денеска опозицискиот лидер Алексеј Навални, но му воведе ограничувања за патување, додека да биде донесена одлуката во однос на неговата жалба на пресудата, со која судот во Киров го осуди на пет години затвор поради незаконско присвојување пари од државно претпријатие.
Обвинителството ненадејно побара на Навални да му биде дозволено одлуката да ја чека во домот.
Над 200 демонстранти беа приведени синоќа во Москва, каде илјадници лица се собраа за да протестираат против осудувањето на опозиционерот Навални.