Во случај на напад на НАТО врз Русија или Белорусија, последиците ќе ги почувствува целата Алијанса, предупреди денеска директорот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин.
Полска и балтичките републики се особено агресивни, барем со зборови, тие постојано штракаат со оружјето. Полска отиде толку далеку што ги објави плановите за поставување на околу два милиони противтенковски мини долж границите на Белорусија и регионот Калининград, а исто така би сакала да добие американско нуклеарно оружје, рече тој.
Наришкин рече дека овие земји не разбираат дека зголемувањето на воената активност во близина на границите на Русија и Белорусија е „еден од факторите и причините за сегашната голема, многу опасна криза на европскиот континент“, пренесува РИА Новости.