Франција подготвува контингент кој ќе биде испратен во Украина, изјави директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин.
Во првата фаза, контингентот ќе брои 2.000 војници, додаде тој.
„Сегашното раководство на земјата не се грижи за смртта на обичните Французи и за грижите на генералите. Според податоците добиени од руската надворешна разузнавачка служба, контингентот веќе се подготвува за испраќање во Украина. Во почетната фаза , ќе изнесува околу 2.000 луѓе“, рече тој.
Француската единица ќе стане приоритетна цел на руската армија, нагласи тој.
Наришкин додаде дека француската армија е крајно загрижена поради зголемениот број Французи кои загинаа во Украина.
Според шефот на Службата за надворешно разузнавање, Франција признавала дека Париз нема забележано такви загуби во странство од војната во Алжир во втората половина на 20 век.
Поради ова, военото раководство на земјата стравува од незадоволство меѓу активните офицери од среден ранг во француската армија, изјави тој.
Француското Министерство за одбрана соопшти дека забелешките на шефот на надворешната разузнавачка служба на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, кој сугерираше дека официјален Париз се подготвува да испрати 2.000 војници во Украина, се дезинформации и чин на неодговорност што ја потврдува руската систематска употреба на дезинформации.
Овој вид на провокација го сметаме за чин на неодговорност“, се вели во соопштението на француското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.
Изјавата на Наришкин дека Франција се подготвува да испрати околу 2.000 војници во Украина и предупредување дека во тој случај француските војници ќе бидат легитимна цел на руските сили, ја пренесе руската новинска агенција Тас.
Француско-руските односи дополнително се влошија откако официјален Париз ја зголеми поддршката за Украина преку потпишување билатерален договор за долгорочна безбедносна соработка.
Освен тоа, Франција вети дека ќе испрати голем број крстосувачки ракети со долг дострел во Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон исто така зазеде поостар став кон Русија и рече дека „Москва мора да биде поразена“.