Напаѓачот на Трамп изведен на суд – се соочува со доживотен затвор

Од:

Кол Томас Ален (31), осомничениот за пукањето на вечерата на дописниците од Белата куќа, беше изведен пред федерален суд во Вашингтон.

Обвинението му беше официјално прочитано, а денешното рочиште е процедурален дел од судскиот процес што го чека.

Тој беше обвинет по три точки:

„Обид за атентат врз претседателот на Соединетите Американски Држави, употреба на огнено оружје за време на кривично дело насилство и транспорт на огнено оружје во меѓудржавна трговија со намера за извршување кривично дело“.

Федералната обвинителка Џослин Балантајн вели дека Ален преминал повеќе државни граници во обид да го убие претседателот на САД. Ален наводно имал пушка калибар 12, три ножа и друго оружје.

Рочиштето за притвор е закажано за четврток во 11 часот по источно време. Прелиминарното рочиште е закажано за 11 мај во 13:30 часот по источно време.

Ален не се изјаснил за обвиненијата.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постои неверојатно ниво на одбивност кон Израел

А1он

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он

Нов правен пораз за Трамп пред изборите: Врховниот суд одби да блокира над 20.000 гласови во Калифорнија

Последните анкети пред изборите во САД: Демократите со голема предност во Претставничкиот дом, неизвесна трка за Сенатот

Предраг Петровиќ

Трамп се подготвува за пораз: „Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме“

Предраг Петровиќ

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он