Групата борци кои држат околу 170 луѓе како заложници во „Радисон Блу“ во Бaмако се дел од екстремистичката група Ансар ал Дин, јави телевизијата „Ал Џезира“.
Во хотелот, каде во моментот се одвива операција на безбедносните сили на Мали, остануваат 136 заложници, од кои 124 гости и 12 лица персонал.
– Силите за безбедност го расчистуваат секој кат сантиметар по сантиметар и ги ослободуваат заложниците, кои се во хотелските соби, изјави неименуван безбедносен извор.
Во меѓувреме најбогатиот човек од Африка, нигерискиот бизнисмен Алико Данготе демантираше дека е еден од заложниците во хотелот.