Нападот на бунтовниците во Дамаск запрен

Од:

Според последните информации, сириската војска го запре нападот на бунтовниците во Дамаск. Прес телевизијата пренесува дека сириските трупи им нанеле значителни загуби на бунтовниците и дека е презедена контролата врз предградието Дараја, јужно од Дамаск. Да потсетиме, во екот на повиците за дијалог, вооружените бунтовници тргнаа во уште еден обид за преземање контрола над  Дамаск. Сепак, како и во претходните случаи, акцијата била краткотрајна и катастрофална за бунтовниците.

Информациите велат дека сириската армија се судрила со членови на терористичката организација, Фронт Ал Нусра во областа на предградието Гута, источно од Дамаск. Опозициските извори тврдат дека сириската армија со воздушни напади ја бомбардирала околината на Дамаск.

Според достапните информации, најголемиот судир се водел за дел од патот, кој го поврзува Ермалех со јужната градска четврт Јобар. Еден од претставниците на опозицијата, Фаваз Тело, кој се наоѓа во Берлин, тврди дека има контакт со бунтовниците во Дамаск, за Ројтерс изјави: “Дури и ако бунтовниците се повлечат од патот, тој како и другите делови од градот ќе стане преопасен за режимските војници.” Некои информации велат дека има и бунтовнички снајперисти на таа локација.

Про-владините извори истакнуваат дека на просторот Дарај има само “600 милитанти.” Веќе во неколку наврати сириската армија тврдеше дека го контролираат ова важно предградие, но очигледно е дека бунтовниците се уште имаат голема поддршка во оваа област.

 

Би можело да ве интересира

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ