Двајца Американски кошаркари се здобија со убодни рани во еден клуб во источниот романски град Браила, соопштија денеска романските власти, истакнувајќи дека еден од нив е во тешка состојба.
Романската полиција соопшти дека нападот на Дерел Боуви (24) и Жозеф Меклејн (25), кои играат за локалниот клуб „АКС Куза Браила“, се случил по расправија со локални жители.
Потпаролката на локалната болница Алина Неаксу изјави дека двајцата се здобиле со убодни рани и дека се итно оперирани, но не можеше точно да каже какви им се повредите.
Според нејзината изјава, Меклејн се здобил со убодни рани во градите и стомакот, неговата состојба е стабилна и се наоѓа на интезивна нега. Од друга страна како што наведе, Боуви се здобил со многубројни абдоминални повреди и е пренесен со хеликоптер во болница во Букурешт.