Француската влада вчера вети дека ќе ги казни одговорните за продажбата на коњско месо во производите од говедско, во скандалот што изби во Велика Британија, но се прошири и во Франција.
Францускиот министер за прашања на потрошувачите, Беноа Амон, изјави дека со истрагата е утврдено дека коњското месо потекнува од Романија, иако постојат врски и со француски, холандски и турски компании, како и со фабрика во Луксембург.
– Ве уверувам дека, без разлика дали се работи за невнимание или директна неодговорност, ќе има санкции – рече Амон за телевизијата Itele.
Тој додаде дека сите земји на европската унија се предупредени, но дека се уште е нејасно дали се работи за меѓународна измама, или во прашање е само грешка.
Британскиот оддел на компанијата “Findus” ги повлече своите лазањи од говедско од малопродажба, по совет на францускиот снабдувач “Komigel” поради загриженост дека некои пакувања содржат коњско месо.
“Findus” во Франција, соопшти денеска дека ги повлекол лазањите и уште два производи откако е откриено дека содржат коњско месо од Романија, а не говедско од Франција, како што претходно се мислеше.
Директорот на француското одделение “Findus”, Матју Ламбе, рече дека компанијата во понеделник ќе поднесе тужба.
-МислеВМЕ дека дефинитивно ИМАМЕ францускО говедско месо во нашите производи. Но, во реалноста, ние сме добивале романско коњско. Ние сме измамени – рече Ламбе.