Најмалку тројца мажи загинаа во престрелка во Филаделфија, шест лица се повредени

Од:

Најмалку тројца мажи се убиени, а шест лица се ранети во пукање на митинг во западниот дел на Филаделфија, соопштија денеска официјални лица.

Полицијата соопшти дека повеќе од 100 луѓе биле присутни во населбата Керол Парк кога пукањето се случило нешто по два часот по полноќ, пренесе АП. Полицијата соопшти дека нивните прелиминарни информации укажуваат на „размена на оган меѓу повеќе страни“ и дека биле пронајдени чаури од различен калибар.

Еден маж (33) е прогласен за мртов на местото на настанот, а други двајца мажи, на возраст од 23 и 29 години, починале во медицинскиот центар Пен Пресвитеријан, се вели во соопштението на полицијата. Жена (26) и пет мажи на возраст меѓу 27 и 30 години се повредени и се во стабилна состојба, соопшти полицијата.

Инспекторот Д.Ф. Пејс им кажа на новинарите дека на местото на настанот биле пронајдени најмалку 25 до 30 потрошени чаури. Тој рече дека мажот, кој бил прогласен за мртов на местото на настанот, бил застрелан од непосредна близина. Засега никој не е уапсен.

Би можело да ве интересира

Тригодишно дете со пиштол уби бебе во САД

Во пукање на Државниот универзитет во Џорџија, еден млад човек е убиен, петмина се ранети

Горан Наумовски

Три лица загинаа, а осум се ранети во пукање во училиште во Мисисипи

Шериф е обвинет за убиство на судија во судот во Кентаки

Мртви и ранети во оружен инцидент во училиште во Џорџија

Застрелано бебе на паркинг во Чикаго: Родители дошле да земат храна, двајца мажи пукале во нив