Најмалку три лица загинаа во поплавите во источен Кентаки, соопшти денеска гувернерот Енди Бешер, наведувајќи дека бројот на жртвите може да биде двоцифрен.
Бешер претходно прогласи вонредна состојба и рече дека се очекуваат нови поплави.
Гувернерот информира дека две лица загинале во округот Пери и едно во округот Нот.
Една од жртвите во округот Пери е 81-годишна жена.
Извор: МИА