Рекордни поплави во околината на Сент Луис

Од:

Најмалку едно лице загина, а стотина се спасени во досега незабележаните врнежи што предизвикаа поплави синоќа во околината на Сент Луис, во сојузната држава Мисури.

Спасувачките екипи евакуираа луѓе од нивните домови и спасуваа заглавени возачи во нивните возила во поплавите кои опфатија дел од широкото подрачје на Сент Луис, недалеку од универзитетскиот центар Колумбија.

Рекордните поројни дождови создадоа езера и реки од улиците во повеќе населени места за само неколку часа.

Националниот метереолошки сервис испрати аларм за „ситуација опасна по живот“, најпредупредувачки аларм за вонредни поплави издаден досега од сервисот, јавија локалните телевизии.

Гувернерот Мајк Парсон вчера прогласи вонредна состојба на целата територија на Мисури.

-Со рекордните поројни дождови во регионот на Сент Луис и потенцијалот за продолжителни дождови и на места грмотевици, сакаме да бидеме сигурни дека нашите заедници ги имаат сите достапни ресурси да одговорат и да ги заштитат жителите на Мисури, изјави Парсон.

Тој порача населението да се придржува да наредбите на локалните власти и менаџерите за вонреди ситуации, да не вози во поплавените места и да се прават совесни чекори за да се избегнат повреди.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски

Невреме во Словенија: Поплавени се патишта, куќи, училишта и градинки