Најмалку седум загинати во поплави во Манила

Од:

Најмалку седум лица загинаа во поплавите, кои го парализираат веќе втор ден филипинскиот главен град Манила, соопштија локалните власти.

Меѓу жртвите е едно 5-годишно момче, врз чија куќа се урнал бетонски ѕид. Четири лица се исчезнати, а 11 се повредени.

Околу 130 илјади лица се евакуирани. Тие се сместени во над 200 засолништа отворени во Манила и околните провинции.

Досега од поплавите се погодени над 600 илјади луѓе.

Поројни монсунски дождови го зафатија филипинскиот главен град во текот на викендот. Нивото на водата во Манила достигна 2 метри.

Филипините се една од земјите во светот кои се најчесто погодени од поројни дождови и поплави. Околу 20 тропски циклони минуваат низ архипелагот секоја година.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата