Најмалку петмина загинати при уривање на повеќекатница во Индија

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а 27 други се повредени денеска при уривање на петкатна станбена зграда во индискиот финансиски центар Мумбај, соопштија локалните власти.

Се претпоставува дека под урнатините на зградата има уште неколку десетици лица. Претходно, спасувачките служби информираа дека при уривањето на зградата биле затрупани околу 70 лица.

Индиските медиуми јавија дека од под урнатините на зградата се слушаат лелеци и повици за помош на затрупаните.

Зградата се урнала рано утринава „непосредно пред разденување“.

Претставник на градската управа на Мумбај соопшти дека во зградата живееле вработени во локалната самоуправа и членови на нивните семејства, кон кои уште пред неколку месеци било апелирано да се иселат од таму.

– Зградата е стара 30-тина години. Побаравме од нејзините станари да се иселат од неа уште во април, но тие досега не го сторија тоа, изјави претставникот на локалните власти, без да прецизира зошто било побарано од станарите да се иселат од зградата.

Ова е второ уривање на станбен објект во Мумбај годинава, по она во јуни, кога под урнатините на трикатна зграда загинаа десет лица.

Уривањето на згради во Индија е честа појава, бидејќи поради големата побарувачка на станови во индиски градови, кои забрзно се развиваат, но и поради раширената корупција, градежните фирми честопати набрзина градат повекатници користејќи неквалитетни материјали или доградуваат повеќе катови од проектираното.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати