Најмалку пет луѓе се убиени денеска и 15 ранети откако сепаратисти се обидоа да упаднат во штабот на украинската погранична единица во источниот град Лугањск.
Околу 500 борци продолжуваат со нападите врз зградата со минофрлачи и автоматско оружје. Украинските сили ги обвинија сепаратистите дека се кријат по околните згради и користат цивили како „жив штит“.
Според соопштение ранети се седум војници, петмина од напаѓачите се убиени, а осуммина ранети. Портпарол на сепаратистите потврди само за еден убиен и еден ранет нивни припадник. Локални медиуми јавуваат и за нови престрелки во Славјанск во соседната Доњецка област. Сепаратистите тврдат дека пет цивили се ранети при напад на владини сили со хеликоптер и артилерија.