Најмалку петмина убиени во престрелка меѓу украински војници и проруски сепаратисти кај Доњецк

Од:

Најмалку пет лица се убиени во престрелката меѓу украински војници и група проруски сепаратисти во близина на источниот украински град Доњецк.

Престрелката се случила во местото Карливка, северозападно од Доњецк.

Четирица од убиените се припадници на проруските сили, а петата жртва е еден од доброволците, кои се борат на страната на украинската армија во нејзината офанзива против сепаратисти во источниот дел на земјата.

Според командирот на украинската милиција Семен Семенченко, проруските сепаратисти врз неговите сили употребуваат автоматско оружје, снајпери и минофрлачи.

Во текот на изминатата ноќ во градот Славјанск во Доњецката област имало масовен артилериски напад, од што биле разурнати неколку станбени згради, јави ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми