Најмалку пет жртви во руските напади во Виничката област во Украина

Од:

Најмалку пет лица загинаа, а 18 се повредени во денешните руски напади врз железничките објекти во Виничката област во Украина, соопшти локалното обвинителство.

– Во непријателското гранатирање загинаа пет лица, а 18 се ранети, се вели во соопштението на обвинителството.

Како што пренесе Бета, цел на ракетниот напад во утринските часови била „транспортната инфраструктура“ недалеку од градовите Жмеринка и Козјатин.

Виничката област се протега централно и западно во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала