Најмалку две лица загинаа денеска, а неколкумина други се повредени при уривање на зграда во индискиот главен град Њу Делхи.
Спасувачките екипи стравуваат дека под урнатините на станбениот објект, кој бил изграден пред повеќе од 150 години, би можело да има уште затрупани луѓе.
Уривањата на згради се честа појава во Индија. Повеќе од 60 лица загинаа во ист ваков инцидент во Мумбај пред две недели.
Според експерти, стотици згради во Индија се во многу лоша состојба и потребана е нивна целосна реконструкција или уривање.