Најмалку десет лица загинаа, а девет се повредени минатата ноќ, при уривање на трикатна станбена зграда во најголемиот индиски град Мумбај, поранешен Бомбај.
Како што соопшти локалната полиција, меѓу загинатите се и едно двомесечно девојче и едно седумгодишно момче.
Во тек е акција на спасувачките екипи кои трагаат по најмалку три лица за кои се претпоставува дека се затрупани под урнатините на зградата.