Најмалку десет лица загинаа при уривање на брана во Источна Кина

Од:

Најмалку десет лица загинаа кога се урна брана на вештачко езеро во кинеската провинција Жеџианг, во Источна Кина, како резултат на поројните дождови, предизвикани од тајфунот Хајкуј.

Водата, која се пробила низ браната на вештачкото езеро, поплавила десетици домови. Дваесет и седум лица беа повредени.

Спасувачите евакуираа дваесетина лица од вкупно 50-60 кои живеат во близина на браната.

Во изминатите денови тајфунот Хајкуј го однесе животот на најмалку шест лица во Жеџианг и во други реони на Источна Кина.

Властите евакуираа околу 2,2 милиони жители поради бурите и поројните дождови, кои разурнаа близу 5.000 згради и нанесоа штета на уште 15.000.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски