Најмалку десет деца убиени на игралиште во Сирија

Од:

Најмалку десет деца загинаа за време на бомбардирањето на игралиштето во селото Деир ал-Асафир, недалеку од Дамаск, соопштија сириските власти.

Во потресната снимка која е објавена се гледаат телата на децата и се слуша плач на мајките кои тагуваат. Наводно, на земјата покрај телата се забележани касетни бомби.

– Убиените деца имале помалку од 15 години, рече активистот Абу Кашем, додавајќи дека во гранатирањето се повредени уште најмалку 15 лица.

Како што истакнаа активистите, интензивните борби се продолжени околу главниот град на Сирија.

Инаку, во последните месеци активисти повеќе пати тврдеа дека владините сили во Сирија користат касетни бомби, меѓутоа, тие тоа го негираат.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад