Најмалку четири жртви во нападот на Одеса, Зеленски: Чист тероризам против цивили

Од:

Најмалку четири лица се убиени, а клучна инфраструктура е оштетена во руските воздушни напади во Украина во текот на ноќта.4

Во јужноукраинскиот пристанишен град Одеса, две лица се убиени, а најмалку 13 се ранети, според податоците презентирани од шефот на локалната воена администрација, Сергеј Лисак. Еден удар го погодил покривот на породилиштето.

Фотографиите објавени од украинските служби за итни случаи покажуваат скршени прозорци, урнатини во зградата и пожарникари кои ги расчистуваат остатоците од урнатините на местото на нападот.

„Таму апсолутно немаше воена цел. Тоа е едноставно чист тероризам против цивилни животи“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи во врска со бомбардирањето на Одеса.

Пристаништето во регионот Одеса, исто така, беше оштетено во нападите. Украинската државна пристанишна управа објави дека се извршени неколку напади врз нејзината инфраструктура.

Во текот на ноќта, Русија лансираше 273 беспилотни летала на територијата на Украина. 252 беа соборени, како што објавија украинските воздухопловни сили во саботата.

Посеверно, во Криво Рог, еден човек беше убиен во нападот утрово врз индустриски погон, изјави шефот на администрацијата на регионот Дњепар, Олександер Ганжа, додавајќи дека на тоа место избувнале пожари.

Едно лице беше убиено во регионот Полтава во централна Украина откако руски беспилотни летала погодија станбена зграда и индустриски објекти, објавија локалните власти.

„Секој напад од ваков тип е доказ дека Русија нема намера да ја заврши оваа војна. Затоа, секое ублажување на притисокот врз неа е опасно“, рече Зеленски.

Во исто време, едно дете беше убиено во украински напад со беспилотни летала врз Јарослављ, северно од Москва и, како што рече локалниот гувернер Михаил Јевраев, далеку од фронтовските линии.

Руските власти објавија дека 155 украински беспилотни летала беа пресретнати и уништени во рускиот воздушен простор во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Единаесет луѓе се повредени во напад со беспилотно летало во Русија

А1он

Сибиха: Нереално е да се заврши оваа војна без Трамп

А1он

(ВИДЕО) Руски гувернер: Двајца мртви, петмина повредени во украински напад врз Белгород

А1он

Русите фрлија бомба врз Славјанск, убија мајка и ќерка

А1он

По четири години конечно слободни – украински затвореници се вратија дома

А1он