Најмалку 94 лица загинаа, a над 887 се повредени во вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди провинцијата Гансу во северозападна Кина.
При потресот биле разурнати над 1.200 станбени објекти, а повеќе од 20.000 се оштетени. Спасувачките екипи се уште се во потрага по преживеани под урнатините.
Кинескиот Центар за следење на земјотреси соопшти дека епицентарот на потресот бил на 150 километри западно од местото Беидао, а веднаш по него се регистрирани уште 371 други, од кои најсилниот бил со интензитет од 5,6 степени.
Американскиот геофизички институт меѓутоа оопшти дека првиот земјотрес бил со интензитет од 5,9 степени според Рихтер, на длабочина од десет километри под површината на земјата.