Најмалку 74 цивили загинале во последните три дена во Доњецк

Од:

Најмалку 74 цивили загинале во последните три дена во судири меѓу проруски сепаратисти и украинската армија во реонот на Доњецк.

Ранети се 116 лица, соопштија од одделот за здравство на локалната администрација.

Само во денешниот ден жртвите на престрелките се две лица, а во текот на ноќта загинало уште едно лице и 11 биле ранети.

Од почетокот на кризата во Источна Украина во Доњецката област, загинале 839 лица, а бројот на настрадани е 1.623, покажува статистиката на локалните власти.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Најмалку 11 лица загинаа во руски напад врз градот Добропилија во Доњецк

Горан Наумовски

Русите ја преминаа границата кај Доњецк

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Новогородовка во Доњецк

Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски