Најмалку 56 војници беа убиени денеска во напад на Ал Каеда во Јемен, соопштија официјални претставници.
Претходната цифра на загинати беше 40. Нападите биле извршени координирано и речиси истовремено во јужната провинција Шабуа.
Четириесет и осум војници загинаа во напади со автомобили-бомби врз две армиски позиции. Триесет и осуммина загинаа само во едниот од тие напади. Осуммина полицајци загинаа по напад врз камп на специјални сили на растојание од околу 15 км. од армиските пунктови.