Најмалку 41 лице загинаа во изминатото деноноќие во Источна Украина

Од:

Најмалку 41 лице, цивили и војници, загинаа во изминатите 24 часа во источниот дел на Украина, соопштија украинските власти.

Тринаесет цивили загинале при напад во Доњецк, во кој биле погодени една постројка и тролејбус. Десет цивили се убиени во Горловка, а осуммина загинале во Луганск, тврдат проруските сепаратисти.

Во последното деноноќие се убиени и 10 украински војници.

Подоцна, 20-мина украински војници биле уапсени од проруските сепаратисти во градот Доњецк, кои биле однесени до местото на нападот во кој загинаа 13 цивили, каде со гневни извици и огорченост биле пречекани од локалното население.

Во меѓувреме, Франција соопшти дека е загрижена поради смртта на 13-те цивили во Доњецк за време на денешниот напад.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина