Најмалку 40 војници и полицајци загинаа денеска во терористички напади на Ал Каеда во Јемен.
Очигледно координираните напади беа извршени речиси истовремено во јужниот дел од државата.
Најмалку 32 војника загинаа во напади врз воени бази. Осуммина полицајци загинаа во напад врз камп на специјалните сили на околу 15 км. растојание од воените бази, јавуваат западни медиуми повикувајќи се на извори во силите за безбедност во Јемен.