Најмалку 40 жртви во бомбашки напад во Јемен

Од:

Најмалку 42 луѓе загинале, а 37 се повредени при напад на бомбаш самоубиец во јужниот дел на Јемен. Нападот се случил за време на погреб на еден воен командант.

Властите соопштуваат дека нападот бил насочен кој племињата кои им помагале на владините сили во борбата против Ал-Каеда.

Нападот предизвика стравувања дека Ал Каеда повторно се враќа во јужниот дел на Јемен, од каде војската ги избрка за време на офанзивата во јуни, кога загинаа околу 100 луѓе. Ал Каеда го искористи слабеењето на централната власт за време на протеститие против поранешниот претседател Али Абдула Салех минатата година и ја зајакнаа својата позиција во источниот дел на Јемен.

Во тој регион вчера во напади на американски беспилотни летала биле убиени пет членови на Ал Каеда. САД во последните месеци изведоа низа напади на цели на Ал Каеда во Јемен.

Би можело да ве интересира

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен

Израелската војска пресретна две ракети од Јемен

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки