Најмалку 40 загинати во свлечиште во Кина

Од:

Над 40 лица загинаа, откако денеска, во раните утрински часови, стотици метри земјена маса се свлече во југозападната кинеска провинција Јунан, затрупувајќи мноштво куќи, пренесе ДПА, повикувајќи се на претставници на локалните власти.

Според првични проценки, има вкупно 46 загинати, вклучувајќи и 19 деца, соопшти државната телевизија. Две лица се извадени живи, но со повреди.

Спасувачката акција продолжува, но спасувачите изјавуваат дека веројатноста за каков и да било успех во акцијата се намалува, имајќи ги во предвид ниските надворешни температури.

Земјата и натаму се движи, додека спасувачите работат, што во опасност ги доведува и самите нив, забележува ДПА.

Мноштво домови во регионот беа евакуирани заради страв од нови свлечишта. Не е познато колку луѓе остануваат привремено без покрив над главата заради непогодата. Во преден план, меѓутоа, излезе загриженоста за нивната безбедност, бидејќи таму температурите се околу нулата, што е невообичаена појава за јуозападна Кина.

Властите во провинцијата Јунан обезбедија шатори, облека, храна и питка вода, што ќе бидат доставени во регионот, соопштија кинеските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски