Најмалку 40 лица загинаа, а 60 се повредени во експлозија во фабрика за пиротехнички средства во градот Сивакаси , на југ на Индија.
Пожарот по експлозијата траел со часови, затоа што пожарникарите долго не можеле да влезат во зградата, во која одекнуваа експлозии од петарди и други средства.
Ден пред несреќата, властите и ја одземаа дозволата за работа на фабриката поради безбедносни пропусти, но раководството илегално го продолжило производството.